5-те најубави музички албуми за патување
Дојде најубавото време од годината кога станува збор за патувањето. Додека се подготвувате за летниот одмор, еве нешто што може да спакувате за по пат.
5-те најубави музички албуми за патување:
Foo Fighters – In Your Honor
„Foo Fighters“ можеби и не се препознатливи по својата нежност и сензуалност, меѓутоа ова ремек дело е нешто што навистина ќе ви го разубави патувањето. Целиот албум прави релаксирачка атмосфера, односно ви доловува слика од тоа што ве чека на вашата крајна дестинација – одмор.
Nick Drake – Pink Moon
Нежниот глас на Ник Дрејк и акустичната музика во позадина придонесува за прекрасно патување. Овој албум предизвикува убави емоции и ви создава слика како да патувате на широк пат во абтомобил без кров, додека го чувствувате допирот од нежниот летен ветер.
Eddie Vedder – Into The Wild
Оние кои го гледале филмот знаат точно за што станува збор, а оние кои не, еве кратко објаснување - се работи за тотална слобода. Овој албум ја пресликува онаа слобода која конечно можете да ја вкусите тргнувајќи на заслужениот одмор од напорната работа и секојдневните обврски кои толку долго ви тежеа на глава.
The Beatles – Abbbey Road
„The Beatles“ се бенд за секоја пригода, а овој албум е еден од најдобрите кога е слушан додека патувате накај вашата летна дестинација. За вистинските љубители на легендарниот бенд ова е вистинска можност да ги истакнат своите караоке вештини во автомобилот.
https://www.youtube.com/watch?v=X4RQ3HX9jKg
Rival Sons – Pressure and Time
Љубителите на стари коли најверојатно ќе си замислат како возат кадилак или мустанг низ некој од американските автопати кои често сме ги гледале во филмовите. Овој релаксирачки, а воедно и енергичен албум, ќе направи да ги заборавите сите проблеми додека одите кон вашата посакувана дестинација.
еНВи | Црнобело