По 6 години пауза - Кристина Агилера се врати на сцена со провокативно видео
37-годишната пејачка повторно се враќа на сцената со осмиот албум насловен „Liberation“ кој излегува на 15 јуни.
„Accelerate“ е првиот сингл кој го најавува новиот музички проект на Кристина Агилера по 6-годишна пауза.
Заедно со Ty Dolla $ign и 2 Chainz, Агилера ќе се обиде повторно да ја освои публиката со звук инспириран од хип-хоп музиката, многу поразличен од нејзиниот последен албум „Lotus“ од 2012 година.
Во видео спотот за песната таа ја покажува нејзината „дрска“ страна, со оглед на тоа што во некои сцени, таа е целосно гола, потопена во мед.
Албумот е продуциран од Канје Вест, а фановите се жедни за нејзината музика. Во неодамнешно интервју за Billboard, пејачката изјави дека никогаш повеќе нема да се врати како судија на популарното шоу за музички таленти The Voice.
Таа потврди дека копнеела за слобода поради ригорозните правила на шоуто и дека е време за ослободување.
Новиот албум содржи 15 песни, но долгоочекуваниот дует со Пинк сепак не се реализирал. Наместо неа, на новиот албум на Агилера ѝ „гостува“ Деми Ловато.
Слушнете ја новата песна на Кристина Агилера и погледнете го спотот:
(О)Милена | Црнобело