Најлошите евровизиски песни на сите времиња
Постојат хитчиња кои и ден-денес ги помниме и си ги потпевнуваме. Но, има и такви за кои и едно преслушување ни е сосема доволно.
Мај е месецот кога Евровизија ни е омилена и неизбежна музичка тема. За многумина е парада на кичот, шундoт и политичка манифестација, а за други пак, култно натпреварување и настан за одлична забава.
Едно е сигурно – изборот за најдобрата песна во Европа никого не остава рамнодушен. За потсетување, минатогодишниот фестивал привлече повеќе од 200 милиони гледачи ширум светот пред телевизиските екрани. Импозантна бројка, зар не?
И, додека некои ги користат своите 3 минути на спектакуларен начин, претставувајќи се на сцената со заразни рефрени, убави мелодии и квалитетни изведби, постојат и оние кои ќе останат запаметени, ама како најголемите фијаска што некогаш биле претставени на фестивалот.
Во пресрет на финалето на 62-то изданиие на Изборот на песна на Евровизија во Киев, Украина, познатиот портал Culture Trip состави топ листа со најлошите евровизиски песни на сите времиња.
Погледнете ги настапите и слушнете ги одново, па ќе ви стане јасно зошто секоја од нив се најде на списокот:
Michalis Rakintzis – „S.A.G.A.P.O“ (Грција, 2002)
Rodolfo Chikilicuatre – „Baila el Chiki-chiki“ (Шпанија, 2008)
https://www.youtube.com/watch?v=A47UTfzoj-Q
Scooch – „Flying the Flag“ (Обединето Кралство, 2007)
Pirates of the Sea – „Wolves of the Sea“ (Латвија, 2008)
https://www.youtube.com/watch?v=zHLqfkU_0xA
Hot Eyes – „Sku’ du spørg’ fra no’en?“ (Данска, 1985)
https://www.youtube.com/watch?v=pxAEPI-Ykxo
Alf Poier – „Weil der Mensch zählt“ (Австрија, 2003)
https://www.youtube.com/watch?v=G-Qj5FVK5Cg
Guildo Horn – „Guildo hat euch lieb!“ (Германија, 1998)
https://www.youtube.com/watch?v=X3q7Y3fgTIc
PingPong – „Sameach“ (Израел, 2000)
https://www.youtube.com/watch?v=oIX0Hp5K3Z0
Jemini – „Cry Baby“ (Обединето Кралство, 2003)
https://www.youtube.com/watch?v=Eu5kgSeZHfw
Dustin the Turkey – „Irelande Douze Pointe“ (Ирска, 2008)
Cezar – „It’s My Life“ (Романија, 2013)
М. А. | Црнобело