Во случај да имавте напорен ден: Песната која го намалува стресот за 65%
Постојат голем број на истражувања кои се согласуваат дека музиката има големо влијание врз нашето расположение и чувства.
Таа често се користи во психологијата и неврологијата како терапија за намалување на психофизичката напнатост кај луѓето.
Според едно истражување спроведено во американската лабораторија „Mindlab International“, музичката композиција која има најголема моќ за смирување на стресот е делото со наслов „Weightless“ чиј автор е англиското музичко трио „Marconi Union“.
За време на слушањето на оваа композиција нивото на напнатост се намалува за 65%, наведувајќи го срцето постепено да ја намалува брзината на чукање сè додека не се синхронизира со ритамот на музиката.
Во самата музика отсуствува периодичното повторување на деловите, што го ослободува мозокот и му дозволува целосно да се опушти.
Ако имавте напорен ден...
Покрај оваа композиција учесниците во истражувањето ги навеле и делата на Адел, Колдплеј и Моцарт како композиции кои им помагаат да се опуштат кога се напнати.
М. С. | Црнобело