5-те најдобри настапи на победникот на „ Х фактор” - Велика Британија
Заврши уште една сезона на мегапопуларното британско шоу „ Х фактор” во кое за победник беше крунисан Мет Тери, слаткото момче кое уште од самиот старт ги освои срцата на многумина.
Неговата популарност нагло растеше со завршување на аудициите, а фановите на ова шоу едноставно се топеа на неговиот глас и неговото однесување на сцената. Судиите имаа само пофални зборови и му предвидуваа блескава кариера.
Од недела во недела тој растеше пред очите на милионскиот аудиториум и сè повеќе и повеќе го трасираше својот пат до победата. Иако во финалето беше навистина неизвесно кој ќе биде новиот победник, сепак Мет Тери ја однесе победата пред Сара Алто која исто така важеше за вонсериски вокал.
Она што е карактеристично за ова момче, покрај тоа што девојките полудеа по неговите настапи, е неговото фалсето за кое многумина знаат да кажат дека е подарок од небото.
Во продолжение погледнете ги неговите најдобри настапи:
1. Неговото инзворедното фалсето во изведбата на „Writings on the wall"
2. Емотивниот настап со „Take me home"
3. Дуетот со неговиот ментор Никол Шерзингер на инзворедната „Purple rain"
4. Божиќниот настап со „Silent night"
5. Победничкиот сингл
Н. Буџак | Црнобело