Серијалот продолжува: Барак Обама сега е Џастин Бибер и ја пее „Sorry“
Многу добро е познато дека Џастин Бибер со своите хитови се најде на високите позиции на сите светски листи, но она што се јави како тренд на интернет е монтажа на говорите на политичарите во една нова поинаква димензија која секојдневно ги засмејува луѓето ширум светот.
Никој не останува имун на таквите шеги па затоа по кој знае кој пат луѓето му доделија несвојствена улога на американскиот претседател монтирајќи делови од негови говори во една феноменална изведба на добро познатиот хит.
Ако Барак Обама пред некое време ја пееше „Hotline Bling“ на Дрејк, сега ја пее „Sorry“ на Џастин Бибер.
За утринско смеење ви предлагаме да ја преслушате синтезата на добро познатиот хит, со говор на добро познатиот претседател, во една необична изведба која со сигурност ќе изнуди насмевка на вашето лице.
Н. Буџак | Црнобело