Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тони Зен ја објави „Ел Падрино“ – песна со која ќе се обиде да ја врати почитта помеѓу новите и старите генерации

Тони Зен повторно се врати на тлото на кое неговите рими најдобро звучат, а најмногу болат, па на јавноста ѝ го претстави своето најново музичко парче кое го носи насловот „Ел Падрино“, песна која ќе биде вистински хит ова лето и песна која со сигурност ќе остави белег, не само кај нас, туку во целиот регион.

toni-zen-ja-objavi-el-padrino-pesna-so-koja-kje-se-obide-da-ja-vrati-pochitta-pomegju-novite-i-starite-generacii-01.jpg

Пред долги години направи вистински бум со своите текстови кои никого не оставаат рамнодушен и стана национален музички херој, а со истото темпо продолжува и денес.

Зад текстот на песната „Ел Падрино“ се потпишува самиот тој, додека пак музиката и аранжманот се на Иван Костадинов.

Целта на ова музичко парче е да се врати почитта помеѓу новите и старите генерации, почит која по сè изгледа одамна е изгубена.

toni-zen-ja-objavi-el-padrino-pesna-so-koja-kje-se-obide-da-ja-vrati-pochitta-pomegju-novite-i-starite-generacii-02.jpg

„Голема благодарност до сите кои учествуваа и помогнаа за ова да се реализира, потребно беше време, труд и посветеност, секако и многу љубов. Видеото го снимаше Влади, кој беспрекорно се посвети на ова, музиката ја џитна единствениот Smoke Panda, кој ме внесе потполно во овој бит, за да текстот потоа, сам си излезе од мене.

toni-zen-ja-objavi-el-padrino-pesna-so-koja-kje-se-obide-da-ja-vrati-pochitta-pomegju-novite-i-starite-generacii-03.jpg

Респект за актерот Томе Станковски, кој одлично ја пренесе емоцијата на човекот 'десна рука' на Ел Падрино, исто така и за сите кои беа статисти, неверојатно ја завршивте работата сите, ние не глумиме, ние живееме“, изјави Тони Зен, па додаде:

„Младите артисти некако ја изгубија почитта кон постарите, а постарите пак не ги признаваат младите и сè така во круг. 'Ел Падрино' ќе ги потсети сите луѓе за оние изгубени вредности и почитта, кои ги немаме, а кои се многу важни во ова секојдневие“.

toni-zen-ja-objavi-el-padrino-pesna-so-koja-kje-se-obide-da-ja-vrati-pochitta-pomegju-novite-i-starite-generacii-04.jpg

Уживајте во „Ел Падрино“:

Би можело да ве интересира:

„Пекол и рај“ е новата љубовна песна од Огнен Здравковски „Нешто ново од мене, сработено со многу љубов и посебна енергија. Слушнете ја пе...
„ЗОРА” - ново парче модерна македонска музка од ДААН во соработка со К.Ј од дуото Како Браќа Во саботата на 21ви Септември ДААН го промовираше својот најнов сингл со наслов ...
Антониа Гиговска го промовираше спотот за песната „Аман“ - Бели веѓи, кадри во пустина и на плажа во... За спотот Антониа смени неколку аутфити, снимаше на неколку локации во Египет, а...
Шлолските другри се споија и направија музичка уметност: Слаткар и Некст Тајм ја објавија „Океани” (... Се познаваат повеќе од 30 години, ги делеле школските клупи, заедно пораснаа на ...
Наташа Миха објави песна со видео запис снимен во Кина - слушнете ја „Тука со мене“ Македонската пејачка Наташа Миха објави нова песна, насловнеа „Тука со мене“, ка...
Ивона Јо: „Несебично ви ја подарувам 'Себично' - Нека стигне до секоја душа што пати и боли“ Ивона Јо имаше маестрална изведба на овогодинешниот Макфест, каде што се претста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg