Швајцарскиот филм „Скиците на Лу“, во режија на швајцарската режисерка Лиза Балтер, со Лилиан Амуат и Албанскиот актер од Косово, Дашмир Рустеми во главните улоги, премиерно ќе биде прикажан во Петок, 2 февруари, во Кинотека на Македонија во Скопје, со почеток од 18 часот. Премиерата ќе се одржи истовремено во Скопје, Тирана и Приштина.