Колку години имаат и како изгледаат актерите од популарната мистерија „Quién mató a Sara?“ во приватниот живот?
Еден од најновите хитови на Netflix е мексичката мистерија Quién mató a Sara?, што во превод би значело „Кој ја уби Сара?“.
Овој непредвидлив трилер го прикажува враќањето на Алекс Гозман, неправедно затворен, поранешен осуденик, кој решава да ја истражува смртта на неговата сестра Сара, 18 години подоцна.
Воодушевувачката криминална драма го спротивставува Алекс против моќното семејство Ласкано, вклучувајќи го нивниот застрашувачки „патријарх“, Цезар Ласкано.
Турбулентните случувања придонесоа оваа серија со молневита брзина да се искачи на првото место на списокот на најгледани серии на Netflix.
Самата филмска приказна е фиктивна, но сепак, интересен факт е тоа што иако антагонистот Цезар е измислен лик, сепак во минатото постоел човек по име Ласкано, кој бил еден од најбараните мексикански наркобосови.
Додека сме во исчекување на втората сезона од овој возбудлив серијал, во продолжение ви прикажуваме како изгледаат главните и споредните ликови во нивниот приватен живот:
Aлекс Гозман – Маноло Кардона, 43 години
Сара Гозман – Химена Ламадрид, 24 години
https://www.instagram.com/p/B3NQSu_JSQ_/
Цезар Ласкано - Гинес Гарсија Милан, 56 години
Маријана Ласкано – Kлаудија Рамирез, 56 години
Родолфо Ласкано - Алехандро Ноунс, 39 години
Хосе Марија Ласкано (Чема) - Eвгенио Силер, 40 години
Елиса Ласкано – Каролина Миранда, 31 година
Бруно – Инаки Годој, 17 години
Софиа Ласкано – Ана Лусиа Домингез, 37 години
Лоренцо Роси - Луис Роберто Гузман, 48 години
Елрој – Хектор Хименез, 38 години
Серхио Хернандес – Хуан Карлос Ремолина, 41 година
Клара – Фатима Молина, 35 години
Мила М. | Црнобело