Филмови кои со нетрпение ги очекува(в)ме овој јануари 2021
Добредојде филмска 2021 година! Со нетрпение очекувавме нов почеток на секој план, а филмската уметност не е никаков исклучок.
Оваа година нè очекуваат многубројни, квалитетни филмски наслови.
А еве ги оние кои со нетрпение ги чека(в)ме во првиот месец од 2021:
Pieces of a Woman
Породувањето во домашни услови за една млада мајка завршува со трагедија. Таа започнува едногодишна одисеја на жалост, прекинувајќи ги односите со најблиските околу неа, додека учи да живее со огромната загуба и болка.
Don’t Tell A Soul
Двајца браќа-тинејџери, крадат пари за да ѝ помогнат на својата болна мајка. Тие се соочуваат со проблематичниот чувар заглавен на дното на одамна напуштен и заборавен бунар.
Promising Young Woman
Млада жена која е трауматизирана од ужасен настан во своето минато е во потрага по одмазда против оние што ѝ застанале на патот.
Our Friend
Млад брачен пар добива лоши вести кои го менуваат нивниот живот. Тие наидуваат на неочекувана поддршка од нивниот најдобар пријател кој го става сопствениот живот во мирување и се сели во нивниот семеен дом.
Baby Done
Авантуристката Зои „откачува“ кога ќе забремени со своето долгогодишно момче Тим. Додека Тим полека се подготвува да стане татко, Зои се обидува да „прелета“ низ нејзините соништа и да ги исполни што поскоро.