Животни лекции од Господин Мијаги од „Karate Kid“ и уште 7 други учители од филмови
Госпоѓица Хани од Matilda
Ова е наставничката што би ја посакал секој. Беше трпелива со децата, а секогаш беше подготвена и да научи нешто од нив.
Што научивме од неа?
Понекогаш, и возрасните се исплашени како да се деца, a тоа е сосема во ред.
Госпоѓица Хани ни покажа дека кога ќе се здружиме со некоја драга личност, многу полесно ќе ги надминеме пречките и тешкотиите во животот.
Јуџин Симонет од Pay it Forward
Јуџин им даде навистина интересна задача на своите ученици – да смислат идеја што ќе го промени светот и да ја реализираат.
Што научивме од него?
Јуџин ни покажа дека за да го промениме светот, понекогаш треба само да помогнеме некому да направи нешто што не може сам.
Господин Мијаги од Karate Kid
Сигурно се сеќавате на господин Мијаги, кој беше експерт за боречки вештини.
Што научивме од него?
Најголемата лекција од Мијаги е важноста на трпеливоста. Пред да станеме добри во нешто, мораме да бидеме трпеливи, напорно да вежбаме, да учиме, да се усовршуваме…
И покрај тоа што е експерт за боречки вештини, тој ни покажа дека насилството никогаш не е решение.
Шон Мегваер од Good Will Hunting
Уште еден лик на Робин Вилијамс.
Шон е професор по психологија, кој му станува терапевт на младиот Вил Хантинг, а нивните разговори во филмот се како терапија и за гледачите.
Што научивме од него?
Добро запознајте се себеси, бидејќи секој има талент, но мора сам да го открие. А, откако ќе го откриете вашиот талент, не ѝ дозволувајте на несигурноста да ве спречи да станете најдобрата верзија од себе.
Спирова С. | Црнобело