10 одлични серии кои ќе направат да се чувствувате опуштено и среќно
Да не се лажеме, на сите ни се потребни малку (повеќе) позитивна енергија, смеа и опуштање во овие денови. А најдобриот начин да го постигнете тоа е со помош на добра серија.
Подготвени сте да го „пуштите мозокот на пасење“ и да почувствувате позитивни вибрации?
Тогаш, задолжително одвојте време за:
The Office
Секако, ја препорачуваме американската верзија со Стив Карел во улогата на напорниот, досаден, но истовремено забавен и допадлив шеф. Во центарот на вниманието е компанија која продава хартија, шефот Мајкл Скот и група на не толку вредни и ентузијастични вработени лица.
https://www.youtube.com/watch?v=jz1omRneAGg
Unbreakable Kimmy Schmidt
Кими Шмит е киднапирана од страна на водач на култ. После цели 15 години, конечно е ослободена. Сега треба да се снајде во Њујорк и да се соочи со сосема нови, досега недоживеани искуства.
Will And Grace
Доколку ви недостасуваа авантурите на Вил, Грејс, Карен и Џек, добрите вести се што има нови сезони „на лагер“. И хуморот е апсолутно беспрекорен како и во првите 8 сезони од животот на четворицата најдобри пријатели.
https://www.youtube.com/watch?v=oFWq64meH5A
Queer Eye
Џонатан, Ентони, Тен, Карамо и Боби се тука да им ги олеснат животите на многу луѓе коишто едноставно не умеат да испливаат од хаосот на секојдневието. Секој експерт во своето поле – стилизирање, храна, облекување, декорација на домот или едноставно подобрување на самодовербата, невозможно е да останете имуни на шармот на петорицата „квир“ мажи.
Good Girls
Бет и Ен се сестри, секоја со свои проблеми. Додека едната дознава дека мажот ѝ ја изневерува и дека тонат во долгови, другата може да го изгуби старателството над своето дете. Нивната пријателка Руби, пак, се соочува со болеста на нејзината ќерка. Трите пријателки добиваат одлична идеја – како да се збогатат буквално за неколку минути…
https://www.youtube.com/watch?v=kbjIaPzODs0