Зошто светот е опседнат со филмови со епидемии во овој период?
Тешко е да се објасни зошто, но во ова време-невреме на корона вирус, луѓето едноставно имаат желба да изгледаат филм со неверојатно слична тематика. Сите го паметиме филмот од 1995 – Outbreak, кога нулта пациентот односно причината за ширење на смртоносниот вирус беше мајмунче.
Секако, периодов темата е чувствителна и многумина ќе ги прескокнат овие филмови, но има и такви кои сакаат да изгледаат нешто вакво и постојано бараат нови предлози.
Доколку имате желба, предлог филмови на тема епидемија:
Contagion (2011)
Смртта на Бет Емхоф и нејзиниот син доведува до откривање на смртоносен вирус. Додека центрите за контрола на болести во САД се борат да го спречат неговото ширење, започнува паниката во светски рамки.
Outbreak (1995)
Кога смртоносен вирус кој потекнува од мајмун од африканската дождовна шума почнува да го заразува целото население, мал број научници се борат да пронајдат лек.
I Am Legend (2007)
Роберт Невил кој е научник, е воедно последниот преживеан човек од вирусот кој го нападнал Њујорк. Тој се обидува да најде начин да ги промени ефектите од човечкиот вирус со употреба на сопствената имунолошка крв.
Resident Evil (2002)
Алис се буди без никаква меморија и открива дека градот Ракун е зафатен со зомби и чудовишта. Таа се обидува да најде начин за излез од градот пред да биде предоцна.
World War Z (2013)
Гери, поранешен вработен во Обединетите нации, неочекувано се наоѓа себеси во трка против времето, додека истражува заканувачки вирус што ги претвора луѓето во зомби.