Кое е најдобро место за седење во кино, според критичарите, докторите и инженерите за звук?

Голем екран, силен звук и неверојатна атмосфера – гледањето филм дома и во кино дефинитивно не е исто, но мора да знаете од кое место може да доживеете најдобро искуство, без да си наштетите.

 koe-e-najdobro-mesto-za-sedenje-vo-kino-spored-kriticharite-doktorite-i-inzhenerite-za-zvuk-01.jpg

Многу луѓе имаат омилен ред и седишта кои секогаш ги бираат ако имаат можност, а повеќето тоа го прават во средина, но, дали е тоа правилна одлука?

Експертите од различни полиња откриваат кои места се најдобри за гледање, слушање и најпријатно искуство, па според тоа направена е анализа.

Како пример, земена е сала со 9 редови и 12 седишта во секој од нив.

Каде има најдобар звук, според експерт за озвучување на кино сали

За најдобро да уживате во квалитетот на звукот, најдобро е да седите во средината на редот, лоциран на две-третини оддалеченост од екранот.

Кога одите во различни сали, визуелно поделете ја салата на три дела и седнете помеѓу вториот и третиот дел на средина.

koe-e-najdobro-mesto-za-sedenje-vo-kino-spored-kriticharite-doktorite-i-inzhenerite-za-zvuk-02.jpg

Каде е најбезбедно за здравјето, според докторите

Ако седите премногу блиску до екранот, до средината на филмот, вратот веќе ќе почувствува притисок и тоа ќе резултира со болка заради неправилната позиција на седење.

Кога го гледате екранот хоризонтално, не треба да го искривите вратот повеќе од 35⁰ за да го гледате од средината до горниот дел.

Според офталмолозите, наводно не постои разлика за видот помеѓу првите и последните редови, но заради не наштетување на ’рбетот, подобро е да не ги бирате седиштата во првите неколку редови.

koe-e-najdobro-mesto-za-sedenje-vo-kino-spored-kriticharite-doktorite-i-inzhenerite-za-zvuk-03.jpg

Најдобра глетка според филмските и телевизиски инженери

Местата од кои аголот на хоризонтално гледање е 36⁰ од најоддалеченото место во салата, се најдобри за слика и звук. Ако сакате најдобро да ги доловите сцените на филмот, најдобро е да седнете во редот каде што краевите на екранот се совпаѓаат со границата на периферниот (страничен) вид.

koe-e-najdobro-mesto-za-sedenje-vo-kino-spored-kriticharite-doktorite-i-inzhenerite-za-zvuk-04.jpg

Најдоброто место за гледање без вознемирување, според критичарите

Ако не сакате да слушате шепкање, смеење, коментирање, џвакање пуканки и бакнување на заљубени парови, најдобро е да седите на крајните седишта, бидејќи друштвата секогаш се групирани во средина, а и сите останати. Од тука никој нема да ви пречи и најдобро ќе може да се фокусирате на филмот.

koe-e-najdobro-mesto-za-sedenje-vo-kino-spored-kriticharite-doktorite-i-inzhenerite-za-zvuk-05.jpg

Од каде најдобро ќе ги доживеете 3Д ефектите, според експертите

За вистинско уживање на тродимензионалната графика, експертите препорачуваат да седите во средината на шестиот ред, отприлика во средина на салата или малку над средниот ред.

Ако седите преблиску, ќе мора константно да ја вртите главата за да ги уловите специјалните ефекти, а некои 3Д објекти ќе се појавуваат како зад вас или премногу доцна.

Последните редови исто така не се добра опција, бидејќи ако сте предалеку може да гледате само дел од ефектите.

koe-e-najdobro-mesto-za-sedenje-vo-kino-spored-kriticharite-doktorite-i-inzhenerite-za-zvuk-06.jpg

Од каде е најдобра светлината на екранот, според филмските продуценти

Зависно од вашата гледна точка, може да ви изгледа дека светлината е нееднакво дистрибуирана низ екранот, а тоа најмногу се случува во првите редови – еден дел ќе изгледа потемно, а друг посветло.

Затоа, филмските техничари и специјалисти советуваат да одберете место во средина на редовите над третиот.

koe-e-najdobro-mesto-za-sedenje-vo-kino-spored-kriticharite-doktorite-i-inzhenerite-za-zvuk-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...
10 носталгични филмови што ќе ве вратат во (средно)школските денови Никогаш нема да погрешите со Mean Girls, а ако сакате филм со посериозна тема, и...
Серијата „Сабја“ е посветена на атентатот врз Ѓинѓиќ од 2003-та година: „Не сакавме да го прикажеме ... „Не сакавме да зборуваме за некој спасител. Еден дел од Србија го идеализира Зор...
10 предлог филмови за новопечените мајки Некои од овие предлози ќе ви помогнат да сфатите дека не сте сами, некои ќе ви д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg