По теркот на La Casa de Papel – 5 нови шпански серии на кои ќе го потрошите целото слободно време
Доколку сè уште не сте успеале да ја изгледате шпанската хит серија „La Casa de Papel“, верувајте дека сте пропуштиле многу. Се чини дека шпанската кинематографија години наназад работи со полна пареа и не планира да запре.
Ја составивме листата со 5 нови шпански серии кои целосно ќе го окупираат вашето внимание и ќе ви покажат зошто се на врвот на гледаноста:
El embarcadero (The Pier)
Од истите креатори на „La Casa de Papel“ и Алваро Морте повторно во главната улога и во оваа серија, „El embarcadero“ е психолошка крими-драма која ја следи приказната на Оскар и Алехандра, брачен пар кои се неверојатно вљубени и среќни.
Но, идилата на Алехандра се руши со еден телефонски повик. Кој е Оскар, навистина? Какви мрачни тајни крие тој?
Campeones (Champions)
Како дел од неговата општествено одговорна работа, кошаркарски тренер е принуден да тренира играчи со ментални попречености во развојот. Хумористична спортска серија која ќе ве освои со својот комични и сериозни моменти.
La casa de las flores (The House of Flowers)
Во оваа мрачна комедија, мајката која е глава на семејството се обидува по секоја цена да ја зачува совршената фасада на нејзиното семејство, откако љубовницата на нејзиниот сопруг ќе започне да ги издава валканите тајни на фамилијата.
https://www.youtube.com/watch?v=IL_2×4uyQsE
Élite (Elite)
Тројца тинејџери од средната работничка класа стануваат дел од престижно, елитно средно училиште во Шпанија. Но, судирот помеѓу нив и богатите соученици води до убиство… кој е виновникот?
La catedral del mar (Cathedral of the Sea)
14 век, Барселона. Млад сиромашен човек се обидува да стекне богатство и слобода, но истовремено го поткопува презирот на благородничката класа и го става својот живот на ризик во рацете на инквизицијата.
Серијата е работена според новелата на Илдефонсо Фалконес.
Прочитајте и: Топ 10 шпански филмови кои заслужуваат да ги изгледате
(О)Милена | Црнобело