Секогаш има слободно такси: Клише сцени во филмовите кои немаат поента во реалноста
Дури и во филмовите каде целиот тим се обидува да ја долови приказната на најоригинален начин како во реалноста, постојат сцени кои немаат врска со секојдневието.
Доволно е да помислите на сцената каде ликовите на улица само креваат рака и веднаш им застанува такси возило.
Дали и вие толку лесно успевате во тоа? Дали некогаш сте танцувале на улица и дали секоја вечер се собирате со друштвото во локалното кафуле?
Веројатно не, иако многу од овие работи би ги посакале.
Погледнете кои се сцените кои се повторуваат речиси во сите филмови и серии, а немаат никаква логика:
Секогаш има слободно такси
Елоквентност, без никаква трема и препреки
Танцувањето изгледа многу лесно
Дали сите во реалноста можат во секој момент да заиграат како да се професионални танчари?
Секојдневни вечерни средби со друштвото
Секој би посакал да може да се гледа со пријателите секој ден и да се забавува, но во реалноста со сите обврски, тоа е речиси невозможно.
Сите разбираат англиски
Ликовите во филмовите дури и кога патуваат во друга земја немаат проблем да се разберат со локалците и со сите зборуваат на англиски. Но, во реалноста факт е дека не сите знаат англиски и понекогаш е многу тешко да се разбереме.
Дожд и ветер – неспојлив феномен
Дождот е идеална сцена за паровите во филмовите, бидејќи никогаш не дува ветер и сè е совршено. Но, дали е така и во реалноста или најчесто се борите со чадорот кој ви лета и се превртува од ветерот?
Станот е секогаш отворен
И автомобилот никогаш не се заклучува
Шминката и фризурата никогаш не се уништуваат
М. М. | Црнобело