5 филмски сцени кои секогаш успеваат да нè расплачат
Постојат слики кои тешко излегуваат од главата, песни кои никогаш не се забораваат, но и сцени кои секогаш не тераат да ги почувствуваме истите емоции како и денот кога прв пат сме ги гледале.
Во продолжение пет култни сцени кои едноставно ќе излудат солзи на вашето лице:
1. Железниот џин
„Horarth. You Stay. I go. No following …. Superman!“
„Хогарт. Ти остани. Јас одам. Без следење... Супермен!“.
Откако армијата лансира ракети за да го уништи целиот град Роквел, железниот џин одлучува да се судри со нив во воздухот, да се самоуништи, но да го спаси целиот град и неговиот најдобар пријател Хогарт.
2. Хари Потер
„Always“
„Засекогаш“
Откако Хари ќе ги изгледа спомените на Снејп, тој ја дознава целата вистина за неговото чудно однесување, всушност дознава дека тој цело време се обидува да го заштити, во име на неизмерната љубов која ја чувствувал кон неговата мајка Лили.
3. Кралот лав
„Dad, Dad, come on, you gotta get up. Dad, we gotta go home“
„Тато, тато, ајде, мора да станеш. Тато, ние треба да си одиме дома.“
Оваа е безвременската реченица со која малиот Симба очајнички го повикува својот татко да си одат дома откако, неговиот чичко Скар свесно дозволува неговиот татко да биде прегазен од стампедото.
4. Црниот Витез
„I am so sorry. I failed you. You trusted me, and I failed you.“
„Многу ми е жал. Ве разочарав. Вие ми верувавте а јас ве разочарав“
Откако Бетмен ја детонира бомбата и се претпоставува дека тој е мртов Алфред на закопот на Брус се врти кон гробот на неговите родители, го опфаќаат емоционални бури и тој се извинува сметајќи дека не успеал да го заштити.
5. Приказна за играчките 3
„So long partner“
„Збогум партнеру“
Откако Енди ги остава своите играчки на Бони и заминува, Вуди, Баз и другите играчки го гледаат како тој си заминува од тремот, создавајќи една емотивна бура во срцата на сите вљубеници на овој анимиран филм.
Н. Буџак | Црнобело