Краток анимиран филм од Pixar: Позајмено време (видео)
Двајца од аниматорите вработени во „Pixar“ нашле креативен начин како да го пополнат своето слободно време.
Краткиот анимиран филм со наслов „Borrowed Time“ е крајниот резултат на активностите со кои тие го пополнувале слободното време.
Филмот трае околу 6 минути за време на кои главниот херој успева да ја преживее најголемата трагедија која може да ја замисли, но успева и да најде сили да се избори со неа и да ги надмине сите лоши спомени кои го поврзуваат со неа.
„Навистина сакавме да создадеме нешто за повозрасната публика и да покажеме дека анимацијата е одличен начин на прикажување на која било приказна.“ – објаснуваат тие.
М. С. | Црнобело