Викенд предлог: Филмови кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај
6. „À la folie...pas du tout“
Анжелик е длабоко вљубена во нејзиниот пријател кој е во брак и очекува дете. Подготвена е да направи сè за да го добие – но, каде е границата меѓу љубовта и лудилото?
7. „Never Talk to Strangers“
Доктор Сара Тејлор е психолог многу добра во проценувањето и анализирањето на страстите на другите луѓе, но како што е чест случајот, таа не може да ги разбере сопствените чувства. За да се открие себеси и нејзината животна цел, таа има потреба од помош однадвор и ја наоѓа во згодниот и шармантен Тони...
8. „From Hell“
Џек Мевосек е веројатно еден од најпознатите мистериозни сериски убијци на сите времиња кој ја преплашил цела Англија и чие постоење родило бројни шпекулации и легенди. Во овој филм, детективот Фредерик Аберлајн се обидува да го идентификува и фати убиецот...
9. „Angels & Demons“
Секој е во исчекување на прогласувањето на новиот поглавар на Римокаточилката црква, но сите кандидати, еден по еден, се убивани од мистериозен убиец. Ватикан го повикува Роберт Лангдон, добро познат експерт за верски симболи, да открие што се случува.
10. „8 femmes“
Големо семејство се собира во нивниот замок за Божиќ, но прославата е помрачена од ужасни случки – домаќинот на замокот е пронајден прободен до смрт во својот кревет. Покрај тоа, единствената телефонска линија е исечена. Осумте жени сфаќаат дека убиецот е некоја меѓу нив.
Н. Г. | Црнобело