Документарни филмови кои ќе го променат начинот на кој гледате на животот
Документарните филмови ретко кога им носат огромно богатство на луѓето кои работеле на нив. Тие немаат звучни актерски имиња, ниту воодушевувачки визуелни ефекти.
Она со кое тие се воодушевуваат е нивната приказна. Приказни кои ретко кој се осмелува да ги раскаже и приказни кои често ќе ве натераат да се замислите дали сето тоа кое постојано го гледате на телевизија, го читате низ весниците е токму она кое се случува.
Документарните филмови честопати имаат за цел да го свртат вниманието на луѓето кон проблеми за кои луѓето не ни знаат дека постојат и на тој начин да помогнат за нивно решавање.
Ние ви нудиме листа на 10 филмови чија содржина ќе ве поттикне да размислувате во малку поинаква насока од онаа која сте ја имале:
1. Exit Through the Gift Shop
Сите работи кои не сте ги знаеле за модерната уметност се содржани во овој филм.
2. Home
Филмот ги опишува сите убавини на нашата планета истовремено прикажувајќи ги сите штети кои таа ги претрпува заради човековите активности. Земјата страда од штетите предизвикани од индустријата, војните и еколошките катастрофи. Филмот покажува како сите овие проблеми се меѓусебно поврзани и зависни и во каква ситуација всушност се наоѓаме. Можеби заради тоа и е забранет во 36 земји.
3. Fed Up
Она што ние го јадеме денес се разликува во голема мера од тоа што го јаделе нашите предци. Овој филм ви ја прикажува грдата вистина за прекумерната тежина, лошото здравје и причините зошто претходните генерации живееле подолго. „Fed Up“ е филм кој ќе го смени вашиот став кон храната засекогаш.
4. Zeitgeist
Станува збор за еден малку поинаков концепт на документарен филм кој можеби нема да ја смени вашата перцепција за светот, но дефинитивно ќе ве натера да се замислите. Филмот зборува за проблемот на масовна контрола наметната од религијата, политиката, мас-медиумите и финансиите.
5. Are We Alone: NASA’s Unexplained Files
Филмот содржи извонредни фотографии од архивите на самата NASA преку кои ќе ви одговори или барем ќе ве донесе поблиску до одговорот на вечната дилема: дали сме сами во универзумот?
Уште 5 документарци на следната страна...