10 серии на Нетфликс снимени според (морничави) вистински настани
The Serpent
Инспирацијата зад The Serpent е француски сериски убиец кој убивал млади планинари во периодот 1975-1976 година.
Главниот лик е самиот убиец кој ги краде пасошите и идентитетите на неговите жртви за да патува низ светот.
Self Made
Self Мade е инспиративна мини-серија која се фокусира на животот на Ц. Џ Вокер – првата Афроамериканка која самата заработила милион долари.
Делови од приказната се фикција, но одлично ги прикажуваат премрежијата на Вокер на патот до успехот.
The Nurse
Главниот лик е медицинска сестра која почнува да се сомнева дека нејзина колешка е вмешана во смртта на неколку пациенти.
Серијата е снимена според вистинска медицинска сестра која била обвинета за убиството на нејзини пациенти.
Monsters: The Lyle and Erik Menendez Story
Серијата е снимена по веќе добро познатиот случај со браќата Менендез.
Дејството опфаќа дел од животот на браќата кои во 1990-тите биле обвинети за убиството на нивните родители.
Она што ќе ве држи „залепени“ за екранот е фактот дека браќата до денес тврдат дека ги извршиле убиствата само за да се заштитат себеси.
Crime Diaries: Night Out
Crime Diaries: Night Out е снимена според вистински настан во Колумбија од 2010 година.
Главниот лик е мајка која пробува да открие што се случило со нејзиниот син.
На 31 октомври, на Ноќта на вештерките, тој отишол на забава, но следниот ден е најден мртов во парк.
Спирова С. | Црнобело