10 серии на Нетфликс снимени според (морничави) вистински настани
Мистериозни убиства, измами, но и реален приказ на животот на војниците за време на Втората светска војна.
Сериите снимени според вистински приказни се секогаш забавни за гледање.
Некогаш можат да бидат и потресни, а некогаш ни помагаат да ѕирнеме во животот на некој друг и да го видиме светот низ неговите очи.
10 одлични серии на Нетфликс снимени според вистински настани:
Band of Brothers
Серијата на Стивен Спилберг и Том Хенкс е сместена во периодот на Втората светска војна.
Снимена е според книгата на историчарот Стивен Амброуз, а дејството се фокусира на неколку војници кои се дел од баталјон на САД.
Според многумина, серијата го има еден од најреалистичните прикази на искуството што го имале војниците во Втората светска војна.
When They See Us
When They See Us е снимена според настан од 1989 година, кога пет тинејџери од Њујорк се погрешно обвинети за напад и силување.
Дејството на серијата опфаќа неколку години, односно периодот од апсењето на момчињата, до нивните брјони обиди да ја докажат својата невиност.
The Spy
Со Саша Барон Коен во главната улога, The Spy е снимена според животот на познат шпион од Израел – Ели Коен.
Дејството на серијата е сместено во периодот околу Шестдневната војна меѓу Израел и Сирија, кога познатиот шпион успева да се инфилтрира во сириските власти.
Inventing Anna
Inventing Anna е инспирирана од животот на Ана Сорокин – млада жена која успева да измами голем дел од елитата во Њујорк.
Дејството се фокусира на новинарка која го истражува случајот на Ана која потекнува од Русија и лажно се претставува како богата наследничка, со цел да изнуди пари од богаташи.
Unbelievable
Unibeliveable е снимена според колумна од 2015 година за серија силувања во Вашингтон и Колорадо која ја освои Пулциеровата награда.
Главниот лик е млада девојка која пријавува дека е силувана, додека две детективки пробуваат да го идентификуваат силувачот.
Но, по сè изгледа дека девојката лаже за силувањето.