10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд
Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во главната улога. Ако, пак, сакате да научите нешто, Cosmos на едноставен и мошне забавен начин ќе ви ги објасни законите кои владеат со природата.
Мини-сериите се одлични кога сакате да изгубите повеќе време пред телевизор, но не сакате да се обврзете со нешто што има десет сезони.
10 мини-серии ако викендов сте расположени за маратонско гледање:
Sharp Objects
Психолошкиот трилер со Ејми Адамс во главната улога се фокусира на новинарката Камил Прикер.
По лекувањето на проблемите со менталното здравје, новинарката оди во нејзиниот роден град каде што го истражува убиството на две девојчиња.
Во меѓувреме, треба да се справи и со нејзините проблеми.
Chernobyl
Chernobyl беше можеби најголемиот хит во 2019 година.
Серијата раскажува за катастрофата во Чернобил, односно причините што довеле до неа неа, како и последиците.
Cosmos: A Spacetime Oddysey
Ако сакате времето пред телевизор да ви биде продуктивно, вреди да ја изгледате оваа документарна мини-серија.
Физичарот Нил де Грас Тајсон на едноставен, разбирлив и забавен начин ги објаснува законите кои владеат со природата.
Sherlock
Sherlock не се смета за мини-серија бидејќи има неколку сезони. Но, секоја сезона има по 2-3 епизоди, што ја прави совршена за маратонско гледање.
Главниот лик е добропознатиот Шерлок Холмс. Но, овојпат неговата приказна е сместена во модерно време.
Dahmer – Monster: The Jeffrey Dahmer Story
Џефри Дамер е еден од најозлгласените сериски убијци на сите времиња, а оваа серија покажува како се претворил во чудовиште.
Од неговото детство, до неговата смрт, морничавата серија одлично прикажува што се крие во умот на еден убиец.