Елеонора Миљковиќ, македонската ријалити ѕвезда, со раскошна свадба: „Имав торта висока 3 метри, две венчаници и виолини“
- Детали
- понеделник, 31 октомври 2022
„Свадбата ми изгледаше бајковито токму така како што си замислував. На самиот влез гостите беа дочекани со музика од виолини. Тортата беше висока три метри и беше направена од природно и вештачко цеќе, но имаше и дел од неа кој се јадеше. Покрај неа, имавме уште 3 помали торти…“, раскажува Елеонора Миљковиќ за CRNOBELO.com.
Елеонора Миљковиќ, Македонката која стана позната по учеството во српското ријалити шоу „Задруга“, направи раскошна свадба викендов со својот сакан Чедо.
Свадбата беше во еден скопски локал, a присуствуваа повеќе од 300 гости.
Елеонора открива детали од свадбата за CRNOBELO.com:
„Свадбата ми изгледаше бајковито токму така како што си замислував. На самиот влез гостите беа дочекани со музика од виолини.
Носев две венчаници, кои беа навистина впечатливи и со многу детали, според мој вкус. Венчаниците се дело на дизајнерот Валдрин Саити.
За шминката и фризурата беше задолжено познато студио од Албанија, од каде за мене беа испратени луѓе специјално во Македонија. Врвните професионалци од студиотот ‘Arabic Salon Orient’ пред една седмица добија награда за најдобри мејкап артисти во светот.“