Панични напади, депресија: Наши и светски ѕвезди кои искрено говорат за своите животни битки и нè охрабруваат
Сара Џесика Паркер – брчки и стареење природно и грациозно
Сара Џесика Пакер не се двоуми да ги покаже брчките пред камерата затоа што е свесна и го прифаќа стареењето како природен процес, за разлика од многу други ѕвезди кои веднаш почнуваат со пластични операции и корекции.
Барби Фереира – самодовербата нема врска со конфекцискиот број
Плус-сајз моделот и актерка, позната по серијата „Euphoria“ постојано шири позитивност за сите облици на тела.
Таа покажува дека вишокот килограми и стриите не се нешто од што треба да се срамите и за разлика од другите ѕвезди не користи постојано филтри за да прикаже нереална слика.
Кендал Џенер – совршена кожа не постои
Кендал изгледа дека има совршена кожа на модните писти, но не и надвор од нив. Таа е искрена за својот проблем со акните и не го крие тоа постојано со шминка.
Отворено говореше колку несигурна се чувствувала поради овој проблем во тинејџерските денови.
Адел – постнатална депресија
Кога стана мајка во 2012 година таа откри дека синот ѝ станал топ приоритет во животот, но и дека во тој период се справувала со психички проблеми.
Таа вели дека заборавила на грижата за себе, влегла во рутината и престанала да ужива во животот.
Откри дека се справувала со постнатална депресија и дека не ѝ се допаѓа што мајчинството е толку романтизирано, наместо искрено да се каже колку е тешка оваа улога и низ колку различни фази и процеси минуваат родителите.
Бела Хадид - анксиозност и депресија
Бела Хадид отворено проговори дека животот пред камери постојано не е воопшто лесен и дека таа се справува со анксиозност и сака да им каже и на другите кои минуваат низ тоа дека не се сами.
Вели дека сосема е во ред да ја покажеме својата ранливост и дека не се гледа сè на Инстаграм фотографиите.
С. С. | Црнобело