Пакомак организираше селективно собирање и рециклирање на 9.107 тони амбалажен отпад
- Детали
- среда, 03 декември 2014
Само до 1 ноември 2014 година, Пакомак организираше селективно собирање и рециклирање на вкупно 9.107 тони амбалажен отпад.
Со рециклирање само на хартија во 2014 во Македонија, преку системот на Пакомак, спасена е шума од 70,000 дрвја, заштедено е вода потребна да наполни 42 олимписки базени, 4000 тони нафта и заштедена е електрична енергија која би ја потрошиле 3900 семејства во трособен стан во период од една година
Пакомак неодамна ги објави резултатите од напорите за организирана заштита на животната средина за 2014 година. Според последните извештаи компанијата Пакомак покажа дека доколку грижата за планетата земја е секојдневна навика и обврска на секоја индивидуа, компанија или институција, резултатите можат да бидат импресивни и неизбежни. Пакомак уште со самиот почеток на своето работење го прифати предизвикот за зачувување на природните богатства на одржлив начин како и обврската да се грижи и да ја сочуваат природата и околината за следните генерации.
Како резултат на ваквите заложби и вообичаената пракса, оваа година заклучно со 31 октомври, Пакомак преку својата инфрастуктура и со своите соработници организираше селективно собирање и рециклирање на вкупно 9.107 тони амбалажен отпад од кои 4.847 тони хартија, 3.500 тони пластика, како и над 736 тони стакло, дрво, метал, со што се има заштедено околу 70.000 илјади дрва и 4000 тони нафта. До крајот на година се планира да се однесат на рециклирање над 9500 тони амбалажен отпад. Идната година се планирани за 30 проценти поголеми количини, да се соберат и рециклираат.