Кирил Џајковски, Симон Трпчески - Македонски музичари кои нè направија горди пред светот
Симон Трпчески
Маестро Симон Трпчески има кариера на која може да му позавидат многумина.
Нашиот пијанист со светско реноме, во поголемиот дел од годината патува низ светот и одржува концерти во најпрестижните музички сали.
Александар Галоски
Нашиот диџеј и продуцент соработува со многу светски имиња, вклучувајќи ги и Тиесто, Авичи, Давид Гета, Стив Аоки и други.
Иако често има диџеј сетови низ земјава, постојано патува низ светот, и настапува на бројни фестивали и во клубови, најмногу во азиските земји.
Владимир Четкар
Владимир Василевски - Четкар долги години живее на релација Македонија - САД. Во Америка, тој сними неколку албуми, кои се вистински хит на јапонскиот пазар.
Четкар неколкупати настапи на големи фестивали во Азија, а секоја година барем двапати има турнеја низ клубовите во САД.
Неговите песни се пуштаат и на светските и европските радио станици.
Кирил Џајковски
Џајковски е еден од најценетите „електронски“ артисти од регионот и еден од првите продуценти кои ги воведоа балканските звуци во модерната електронска музика.
Тој е и успешен композитор на филмска и театарска музика - повеќето претстави на кои работел се за театрите во Србија и Словенија.
Исмаил Лумановски
Нашиот кларинетист со години живее во САД, каде што гради успешна музичка кариера.
Повремено доаѓа и во Македонија и тогаш најчесто настапува на концертите на нашите музичари.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





