Мајка од Прилеп: „Направивме операција на крајниците на ќерка ми Инес (6) – што беше најтешко?“
Ивана за CRNOBELO.com сподели:
„Инес имаше проблеми со чести настинки, проблеми со дишење и со слухот.
Се оперираше пред 2 години, но само трет крајник. За по 6 месеци после операцијата да биде пак исто.
Помина низ истото по втор пат. Но, сега, на 6-годишна возраст, ги опериравме сите 3 крајници.
Проблемите стануваа сè пострашни кога знаеше да остане и без воздух неколку секунди среде спиење.
На последната контрола пред да ни закажат операција докторката ни кажа дека Инес цело време слуша како да е под вода. Значи проблем ѝ правеше и на слухот.
Најдоброто што можевме да го направиме беше операција. И не згрешивме.
Сега, спие мирно и нема проблем со затнато носе, слуша и на далеку сега, само да почне уште да разбира и применува (ха-ха)“.
С. С. | Црнобело