Запросување на Македонка во Тајланд: „Тајно замина да купи прстен и кога се врати во ресторанот - ме запроси“

„Кристијан набрзина пребарал златари во близина на ресторанот додека бевме излезени со пријатели и го искористил моментот додека јас не бев присутна на масата да отиде по прстен заедно со сопругот на мојата другарка“, раскажа Тамара од Македонски Брод за запросувањето во Бангкок.

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-tajland-stana-od-masa-za-da-kupi-prsten-i-koga-se-vrati-me-zaprosi-01.jpg

Кристијан Мицев (27) и Тамара Јовановска (26) од Македонски брод неодамна беа на патување во Тајланд, каде што Кристијан ја побара Тамара за сопруга.

Запросувањето, вели Тамара, не му било планирано, туку додека уживале во ресторан со преубав поглед на Бангкок и романтична атмосфера, Кристијан решил дека тоа е вистинскиот момент да клекне на колено пред својата девојка.

За неочекуваното запросување, без однапред направен план и изненадувањето што го доживеала, Тамара раскажа за CRNOBELO.com:

„Кристијан е од Радовиш и работи во семејна транспортна фирма, а јас сум од Македонски Брод, а имам свој салон за убавина во Скопје.

Заедно сме повеќе од 6 години, а се запознавме уште кога јас имав 19, а Кристијан 20 години. На почетокот бевме во Скопје и двајцата, додека студиравме. Јас студирав Графички дизајн, а Кристијан туризам.

zaprosuvanje-tajnalnd-04.jpg

Уште на почетокот делевме исти мислења, амбиции, уживавме во исти работи, правевме сè заедно и нешто што отсекогаш го сакавме и ќе го сакаме е патувањето, без разлика дали е далечно или во Европа.

Постојано патуваме и токму поради ова најмалку очекував дека ќе има запросување во Тајланд. Кристијан немал воопшто план да ме запроси.

zaprosuvanje-tajnalnd-02.jpg

Но, во последните два дена од патувањето го посетивме Бангкок. 

Вечерта пред нашиот лет за назад решивме да ја поминеме во Spectrum Rooftop. Таму бевме заедно со наши пријатели. Атмосферата беше магична, погледот прекрасен, збогатен со музика во живо, одлична храна и друштво.

Не поминал ни еден час за Кристијан да сфати дека е тоа е вистински момент за запросување. Тајно ја контактирал мојата најдобра другарка и нејзиниот сопруг и ги известил за неговиот план.

zaprosuvanje-tajnalnd-05.jpg

Кристијан набрзина пребарал златари во близина на ресторанот и го искористил моментот додека јас не бев присутна на масата да отиде по прстен заедно со сопругот на мојата другарка.

Таа, пак, имаше цврст изговор зошто ги нема. Во последен момент пред затворање успеале да стигнат до една златара, а асистентката за продажба била фина и коректна, ги примила и веднаш им ги понудила свршеничките прстени.

Тие се вратија назад во ресторанот околу 21:30 часот. Воопшто не се посомневав сè додека пејачот не почна да ми се приближува и да ми ја пее песната All Оf Me од Џон Леџенд, а целиот персонал да доаѓа накај нас со прскалки во рацете.

zaprosuvanje-tajnalnd-06.jpg

На момент ми беше нејасно, сè додека не го видов Кристијан на колено пред мене со кутија и прстен во рацете. Во секундата имав мал шок на измешани позитивни емоции, но нормално, ја прифатив неговата понуда за брак. Бев пресреќна.

Чувството не може да се опише со зборови онака како што се доживува. Емотивен и посебен момент за нас!

zaprosuvanje-tajnalnd-03.jpg

zaprosuvanje-tajnalnd-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg