Миро Кацаров за CRNOBELO со импресии по свадбата: „Имавме уникатно влегување со рап песна, се чувствувавме како ѕвезди“
- Детали
- среда, 20 септември 2023
„Што се однесува до нашето влегување на свадбата, ми пиша дури и пријател, кој организира свадби со години, да ми каже дека ваков „влез“ нема видено. Идејата беше на Ивана, таа го осмисли“, раскажува Миро Кацаров за CRNOBELO.com.
Миро Кацаров и неговата сопруга Ивана на 17 септември направија голема свадбена журка во дискотека во Штип, еден месец откако се венчаа во матично и црква.
Тие имаа впечатливо влегување на свадбата и се појавија од зад завеса кога сите гости веќе беа пристигнати.
Наместо класичен прв танц, тие уште на влезот во дискотеката почнаа да „шизат“ на рап песна и да се движат меѓу гостите, а атмосферата ги крена и присутните кои почнаа да играат од првата песна и не застана до доцна во ноќта.
За првите впечатоци од свадбата, но и чија била идејата за интересното влегување на младенците, Миро раскажа за CRNOBELO.com:
„Уште сме под импресии со Ивана и некако сите сме фасцинирани од тоа што се случи. Што би рекле народски „како што се збори низ чаршијата“, а и меѓу луѓето што беа на свадбата, ова беше свадба на годината во Штип, ама и една од најдобрите свадби што се направиле во Македонија.
Стигнаа огромен број коментари, само позитивни, дека била „бомба“ организација, топ свадба, една од најдобрите каде што биле гостите, дека била манифестација, а не обична свадба, многу модерна, со многу убави луѓе на едно месо.
Иако беше недела, и другиот ден повеќето беа на работа, имаше гости до 2 по полноќ, што само покажува дека свадбата била на ниво.
Што се однесува до нашето влегување на свадбата, ми пиша дури и пријател, кој организира свадби со години, да ми каже дека ваков „влез“ нема видено.
Кога влегувавме се чувствувавме како вистински ѕвезди. Беше уникатно, на рап песна. Идејата беше на Ивана, таа го осмисли, а јас и луѓето од клубот само го реализиравме тоа – да има платно, да има вперен рефлектор во нас.
Зад нас излегоа најблиските. И песната беше избор на Ивана.
Но, многу ми се допаѓа тоа што беа забавни гостите.
Лила беше качена на сепаре и играше, Жаре Бербер беше качен на сепаре, Дејан Манасков, Миа Костова и Елена Најдоски играа цело време со мене, Бока Конга беше многу весел, а расположени беа и поранешниот и сегашниот градоначалник на Штип.
Сите беа многу весели, како да прават свадба за брат.
Брат ми, пак, ми кажа дека утредента на кафе луѓето низ Штип коментирале: „Оди, па сега направи свадба, по оваа свадба“.
Инаку, на почетокот имаше документарец за нас, се јави Петар Грашо на видео-бим, јас и Ивана зборувавме колку добро се познаваме, имаше најава од Канал 5, баш беше манифестација од рангот на Златна Бубамара.
Слаткар пееше прв и потоа ми рече: 'Кога се качив да те најавам, мислев дека сум на доделување на оскари, па чекав оскар да ми дадеш'“.
Погледнете го видеото:
Прочитајте и Миро Кацаров и Ивана елегантни на свадбата во Штип - први фотки од венчавката на водителот и неговата сакана
А. Ј. | Црнобело / фото: Стефан Соколовски