Ирина Дишовска за мајчинството: „Се породив лесно во Државна болница, го искачив Водно 2 дена претходно, не ми се појавија стрии“

„Додека бев бремена, на сите што кажав дека ќе раѓам на ГАК реакциите им беа негодувачки. Интуицијата ми кажуваше дека ќе помине сè во најдобар ред.  Уште додека одев на редовни прегледи (кај кој било доктор што ќе се погодеше на смена, без фаќање „врски“) пристапот на вработените беше сериозно професионален, без ниту една забелешка...“, вели Ирина Дишовска за породувањето со синот Јосиф.

se-porodiv-lesno-na-gak-go-iskachiv-vodno-2-dena-prethodno-so-mnogu-nega-ne-mi-se-pojavija-strii-planinarkata-irina-dishovska-odgovarashe-na-majchinstvoto-01.jpg

Планинарката Ирина Дишовска, сопруга на музичарот Павле Камилоски, на 18 јуни го роди синот Јосиф.

Таа сега реши да сподели дел од своите искуства со следбениците на Инстаграм, па преку стори одговараше на многу приватни прашања поврзани со мајчинството.

se-porodiv-lesno-na-gak-go-iskachiv-vodno-2-dena-prethodno-so-mnogu-nega-ne-mi-se-pojavija-strii-planinarkata-irina-dishovska-odgovarashe-na-majchinstvoto-09.jpg 

Пред да почне да одговара на прашањата, таа покажа дека се враќа во фит форма, иако не се поминати цели два месеца од раѓањето на бебето. Доби и комплименти дека изгледа одлично.

„Како издржуваш, секоја чест“ пишува во еден од коментарите.

se-porodiv-lesno-na-gak-go-iskachiv-vodno-2-dena-prethodno-so-mnogu-nega-ne-mi-se-pojavija-strii-planinarkata-irina-dishovska-odgovarashe-na-majchinstvoto-20_2.jpg

„Имам мотив да си го вратам во форма струкчево“, вели Ирина и објави видео во бикини на базен.

Ирина, која пешачи многу, вели дека и Јосиф сака да е на чист воздух, па многу често додека се шетаат, тој знае да заспие во количката.

se-porodiv-lesno-na-gak-go-iskachiv-vodno-2-dena-prethodno-so-mnogu-nega-ne-mi-se-pojavija-strii-planinarkata-irina-dishovska-odgovarashe-na-majchinstvoto-06.jpg

Планинарката кажа дека во бременоста качила 17-18 kg и сподели фотка од трудничкиот стомак, која ја направила само 3 дена пред породувањето.

Стрии нема, бидејќи многу ја негувала кожата, а на шега вели: „Имам само големи гради по бременоста.“

se-porodiv-lesno-na-gak-go-iskachiv-vodno-2-dena-prethodno-so-mnogu-nega-ne-mi-se-pojavija-strii-planinarkata-irina-dishovska-odgovarashe-na-majchinstvoto-12.jpg

Имаше и такви кои ѝ замерија што се фотографира со „излезени гради“.

„Многу ми е срам што мајката природа најдобрата и најздравата храна за моето дете ја дава преку моите гради. Девојко, ама ич не ми е срам. Доилка су, го хранам моето дете кога сака, кај и да се наоѓаме. Кому му пречи нека ја сврти главата“, напиша Ирина.

245DCCE7-A7DD-445E-B8F0-BCD4770C8552.jpg

Следбениците ја прашаа и каде се породила и дали било по природен пат или со царски рез.

„Породувањето беше на ГАК (Државна болница) по природен пат и помина лесно и брзо. Посакувам сите жени да поминат како што поминав јас на ова породување.

Верувам дека лесното породување е резултат на вежбањето. Јас вежбав до последен ден. Во петок го качив Водно, во недела се породив“.

se-porodiv-lesno-na-gak-go-iskachiv-vodno-2-dena-prethodno-so-mnogu-nega-ne-mi-se-pojavija-strii-planinarkata-irina-dishovska-odgovarashe-na-majchinstvoto-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Уникатни имиња на децата на познатите Македонци: Гаиа, Кира, Киан Катарина Ивановска ја има ќерката Кира, Слаткар го крсти синот Моша, а Тони Зен ...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg