Јелена Спенџарска на одмор на островот Џерба во Тунис со сестра си - позира со камили на плажа, се ценка на пазар
- Детали
- четврток, 15 јуни 2023
„Поздрав од Џерба, мирно место со долги песочни плажи, идеална клима, луѓето кротки, некако сè е мирно, буквално да ти одмори главата. Сè ти е ново, интересно, камилите се посебна атракција, градбата на хотелите и целиот ентериер го одзема здивот. Имам многу добро чувство дека ќе станува сè подобро и поубаво“, вели Јелена Спенџарска која ужива во Тунис.
Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска е на летување во Тунис, на островот Џерба. Друштво ѝ прави нејзината сестра Викторија.
Јелена е на одмор повторно, откако во мај 2023 беше на летување во Турција со својот сакан Лукас.
„Поздрав од Џерба. Како што очекував – мирно место, долги песочни плажи (песокот брашно), идеална клима, луѓето кротки, некако сè е мирно, буквално да ти одмори главата.
Сè ти е ново, интересно, камилите се посебна атракција, градбата на хотелите и целиот ентериер го одзема здивот. Имам мнооогу добро чувство дека ќе станува сè подобро и поубаво“, напиша таа на Инстаграм.
Од почетокот на одморот таа постојано споделува видеа и фотки, па открива како се забавува со сестра си – додека се ценкаат на пазар, во парфимерија за француски парфеми, на плажа, покрај базен, додека го истражуваат Тунис.
„Го живеам најубавиот живот“, вели таа на едно од видеата што ги објави на Инстаграм.
https://www.instagram.com/reel/CtdrvYxgVS9/
Јелена не крие дека е воодушевена од плажите, архитектурата, живописните гратчиња кои ги посети во првите неколку дена откако пристигна во Тунис.
Јелена е на Џерба, најголемиот остров во Северна Африка, кој се наоѓа во заливот Габес на брегот на Тунис. Тој е под заштита на УНЕСКО со статус на светско наследство.
Оваа година островот Џерба е една од омилените летни дестинации на Македонците, а сè повеќе агенции нудат туристички аранжмани за таму.