Србинката Софи Мило „руши предрасуди“ - го дои синчето во јавност и го шета на дожд
- Детали
- четврток, 05 ноември 2020
Додека некои мајки се плашат од очите и критиките на јавноста, Србинката Софи Мило е тотално релаксирана, па гордо го дои синчето во ресторан и се шета со него на дожд.
Софија Милошевиќ е српски модел, моден креатор и инфлуенсер, а ја следат повеќе од 540 илјади фанови кои се восхитуваат на нејзината завидна убавина.
30-годишната русокоса убавица неодамна се породи и ужива во мајчинството, а фотки од нејзиното секојдневие објавува и на Инстаграм.
Со најновата фотка на Инстаграм, Софија упати и порака до своите фанови дека доењето е нешто природно и мајките не треба да се срамат да го прават тоа во јавност, иако мислењата на оваа тема се поделени.
Очигледно дека таа е тотално релаксирана мајка и не е од оние кои се плашат за секој свој чекор со детето, па без проблем се шета со него по дожд низ улиците на Мадрид, каде што живее периодов, а со фотката упати порака: „Бидете кул, бидете добри“.
Инаку, таа во текот на бременоста се вери со фудбалерот Лука Јовиќ, а во минатото била во врска и со познатиот српски тенисер Виктор Троицки и била свршена со Филип Живојиновиќ, синот на Слободан Живојиновиќ Боба.