Љубовната приказна на Сузана и Саша Поповиќ - првиот брак ѝ траел 7 месеци, Саша ја освоил со еден гест
За запознавањето со Саша, кое било преку нивна заедничка пријателка, Сузана изјави:
„Снимав спот во Земун, а таму беше и студиото на ЗАМ, па Саша дојде да ја види неговата пријателка Маријана Украден, но кога ме виде мене (мора да кажам навистина бев многу дотерана) му оставив силен впечаток.
Тогаш уште немаше мобилни телефони, па ми го даде бројот од својот пејџер, а јас му ветив дека ќе го побарам.
Секако, како и секое женско, во почетокот глумев недостижна.
Потоа, се здруживме. Но, излегувавме, а ништо не се случуваше. Многу ми беше сомнителен. Всушност, бев сигурна дека не му се допаѓам.
Но, потоа требаше да одам да настапувам на некоја свадба во Јагодина, а мојот возач не можеше да дојде по мене, поради смртен случај во семејството. Се загрижив како ќе одам, но тогаш ми се јави Саша, ме праша што правам и ми кажа: „Доаѓам“.
Тоа нема да му го заборавам никогаш – со еден гест ме купи за цел живот“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





