Љубовната приказна на Сузана и Саша Поповиќ - првиот брак ѝ траел 7 месеци, Саша ја освоил со еден гест

„Тогаш уште немаше мобилни телефони, па ми го даде бројот од својот пејџер, а јас му ветив дека ќе го побарам. Излегувавме, а ништо не се случуваше. Многу ми беше сомнителен. Всушност, бев сигурна дека не му се допаѓам...“, раскажа во една пригода Сузана, сопругата на Саша Поповиќ. Парот беше 28 години во брак.

ljubovnata-prikazna-na-suzana-i-sasha-popovikj-prviot-brak-i-trael-7-meseci-sasha-ja-osvoil-so-eden-gest-01.jpgфото: Инстаграм 

Саша Поповиќ (роден 1954) почина на 1-ви март во Париз, а веста го погоди целиот регион, а најмногу, нормално, неговото семејство.

Зад себе тој ја остави сопругата Сузана Јовановиќ со која беа 28 години во брак и нивните две деца.

Иако не им било секогаш лесно, тие успеале речиси 3 децении да го сочуваат нивниот семеен мир.

Нивната раскошна свадба се одржала во хотелот „Интерконтинентал“ во 1988 година, а меѓу присутните биле голем број на естрадни ѕвезди. Кума им била Лепа Брена.

Сузана во некои ситуации се шегуваше дека Саша „му пркосел“ на судбоносното ДА до 43-годишна возраст.

Првиот бакнеж им бил на свадбата на пејачката Злата Петровиќ, која му била поранешна девојка на Саша Поповиќ.

Во една пригода Сузана за српските медиуми раскажа:

„Моите родители не беа богати, јас бев девојче од работничко семејство.

Татко ми работеше во железара, како електричар на високонапонска струја, а мајка ми беше домаќинка. Ние, децата, бевме нејзина кариера.

Ќе собереа малку парички, па ќе ми дадеа и јас одев право во продавница за да си ја купам најубавата чоколада“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Се преполови поради болеста, сакал да биде фудбалер: Животот на еден од најбогатите луѓе на Балканот... Кога пред неколку месеци Саша Поповиќ дозна дека има сериозен здравствен проблем...
„Животче мое најубаво“ – Саша Ковачевиќ сподели ретко видео со саканата Зорана и нејзината ќеркичка ... „Секогаш вака да се смееме, среќен роденден путер мој“ – ѝ посака Саша на ќеркич...
Партнерот ја оставил додека била бремена, заради ракот на мајка ѝ банкротирала – Тажната приказна на... Сама ги одгледала синовите близнаци затоа што партнерот ја оставил додека била б...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...
Драган Стојковиќ - Пикси прослави 33 години брак: Љубовната приказна на српскиот селектор и саканата... Драган Стојковиќ - Пикси и неговата сопруга Снежана важат за една од најскладнит...
Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg