ŠKODA Citigo: мал ŠKODA автомобил

skoda-citigo-mal-skoda-avtomobil-povekjeŠKODA продолжува со својата офанзива на нови производи воведувајќи седма линија модели. Citigo е 3.56m долг, а со тоа брендот од Млада Болеслав...


...влегува во сегмент A00. Citigo ќе дебитира на домашниот чешки пазар оваа година, а лансирањето во другите европски земји ќе следи на почетокот од летото 2012 година.

Citigo нуди максимално искористување на просторот и седишта за четири патници. Citigo ќе биде лансиран со три врати, а верзијата со пет врати ќе излезе во 2012 година.

"Citigo е еден од столбовите на нашата стратегија за развој и го отвора патот на нашиот бренд за влез во сегментот кој ветува", изјави претседателот на одборот на ŠKODA д-р Винфрид Валанд "Новиот производ целосно ја исполнува корпоративната филозофија на брендот ŠKODA, изразена преку слоганот "Simply Clever””. И покрај малите димензии, автомобилот нуди доволно внатрешен простор, изненадувачки е агилен и атрактивен во однос на формата и технологиите кои ги користи. Иако Citigo е мал, тој е типичен ŠKODA автомобил и совршено се вклопува со нашите планови "Дизајнерите успеале да му дадат на автомобилот посебен изглед кој плени на прв поглед: Ова е ŠKODA.

skoda-citigo-mal-skoda-avtomobil-1

Во предниот дел, решетката со хромирана рамка и прецизно обликувани предни светла му даваат на автомобилот типичен ŠKODA изглед. Дизајнерите имаат направено одлична работа со остатокот од каросеријата. Со должина од 3,56 метри, 1,65 метри ширина и 1,48 метри висина, Citigo е едно од најмалите возила во својот сегмент. Волуменот на багажникот е 251 литар, а може да се зголеми и до 951 литри со преклопување на задната клупа.

Целна група се млади возачи, млади семејства кои бараат  втор или дури трет автомобил. Тоа се клиенти кои се прилично чувствителни на трошоци, имаат рационален пристап кон автомобили од една страна, но и високи барања за квалитет, практичност, дизајн и безбедност. До сега ŠKODA немаше многу да и понуди на таа група на клиенти во сегментот на мали автомобил.

Д-р Валанд изјави: "Можеме да видиме дека се зголемува побарувачката за мали автомобили со ниска потрошувачка на гориво, поволна цена и со разумни трошоци за одржување. Малото возило на ŠKODA е реакција на овој тренд. Ние влегуваме во нов сегмент а Citigo ќе привлече голем број на клиенти, главно на европските пазари. Кај Citigo ставивме акцент на безбедноста. За прв пат во возило на ŠKODA се користи воздушно перниче за заштита на главите и градите кај патниците во предниот дел, а заедно со другите сигурносни елементи автомобилот претставува пример за безбедност во својата класа. Покрај  активната безбедност значајна предност е новата " City Safe Drive " асистенција при сопирање.

skoda-citigo-mal-skoda-avtomobil-2

Системот автоматски се активира при брзина под 30 km/h а сензорот ласерски идентификува опасност. Заедно со Volkswagen up!, Citigo во моментов е уште еден автомобил во тој сегмент кој има систем за сопирање во случај на опасност.

Два нови, три-цилиндрични бензински мотори ќе бидат достапни при лансирањето на Citigo: и двата имаат зафатнина од 1.0 литри и моќност од 44 kW/60 KS и  55 kW/75 KS.

Кај економичната верзија „Green Tec“  просечна потрошувачка е 4.2 l / 100km и 4.3l / 100km соодветно на моќта на секој од  моторите.

Емисиите на штетни гасови изнесуваат  97g и 99g CO2 / km. Потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови изнесуваат 4.5 l / 100km односно 105g CO2 / km кај моторот со 44kW. Моторот со моќност од 55kW троши 4.7 l / 100 km и емитува 108g CO2 / km.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg