Мерцедес C63 АМГ (фото)

mercedes-c63-amg-foto-povekjeМерцедес Бенз во Јапонија и официјално го претстави C63 AMG Coupe Black Series, односно најсилната C класа досега направена. За погонот е задолжен...


...6,3 литарски V8 мотор кој има 380kW (517KS) и 620 Nm обртен момент.

Моторот е споен со иновативен AMG SpeedShift MCT седмостепен спортски менувач преку кој силата се пренесува на задните тркала.

Од 0 до 100 km/h овој автомобил забрзува за 4,2 секунди.

За агресивниот изглед придонесуваат и 19 инчните алуминиумски фелни офарбани во титаниумска сива боја, со 255/35 R19 пневматици напред и 285/3 R 19 позади.

Во внатрешноста се сместени хај-тек компоненти како што се AMG спортски седишта, а од оделението на AMG ветуваат дека наскоро ќе понудат возило со четири седишта, првата “црна серија“ која би можела да превезе 4 личности.

Менувачот е обложен со квалитетна кожа, а црвените појаси се во контраст со остатокот на ентериерот.

Во стандардната опрема е вклучено: аудио – CD уред, екран во боја, Bluetooth интерфејс, хендс фри функција, USB приклучок и Thermatic клима уред.

Mercedes-Benz C 63 AMG Black Series Coupe на пазарот ќе пристигне во 2012 година со почетна цена од 115.430 евра.

mercedes-c63-amg-foto-1

mercedes-c63-amg-foto-2

mercedes-c63-amg-foto-3

mercedes-c63-amg-foto-4

mercedes-c63-amg-foto-5

mercedes-c63-amg-foto-6

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg