Балерина живее во Барби комбе со сопругот - вистински розов рај на тркала (фото)
33-годишна жена од САД го живее својот розов сон со нејзиниот сопруг Ерик (56), патувајќи низ САД во реставрирано старо комбе, кое наликува на домот на Барби.
Аријана Девинг (33) е балерина од Калифорнија која одлучила својот дом на тркала да го претвори во розов Барби рај.
Таа со помош на нејзиниот сопруг Ерик (56) старото комбе го претворила во копија на домот на Барби.
Сега, парот живее во ова комбе, патувајќи низ САД.
„Ерик обожава ваков тип на живот и знаеше дека единствен начин да ме убеди и мене беше само ако го направиме комбето розово и гламурозно.
Јас отсекогаш ја обожавав куклата Барби и затоа донесов ваква одлука, иако моите пријатели се шегуваат со мене и велат дека досега требало да ја надраснам љубовта кон Барби“.
Парот ги споделува своите авантури на Инстаграм, а често фотографираат и луѓе кои сакале барем на миг да управуваат со нивното Барби комбе или само да се фотографираат.