Ова само BMW го може
Денот кога ќе го здогледаме новиот футуристички BMW Vision Efficient Dynamics на патишта и не е баш блиску, но баварскиот гигант веќе на големо почна со снимање...
...на промотивни спотови. Се чини дека напредниот хибриден спортист и не е толку далеку од конечниот модел, а примерокот кој е фатен на стазата во Абу Даби скоро и да не се разликува од концептот коj BMW ни го прикажа во Франкфурт.
Доколку шушкањата се покажат за точни, во 2013 BMW ќе ни го покаже овој над 135.000 евра вреден спортски автомобил кој со помош на 2 електромотори и 1 трицилиндарски дизелски мотор треба да развива 328 коњски сили, забрзува од 0 до 100 km/h за 4.8 секунди и да троши 3.5 литри гориво на 100 километри.
Можеме да очекуваме дека од BMW ќе се појави досега невидено згоден и динамичен автомобил.