Тесла автомобил и уметност
Насликани автомобили со текот на годините станаа многу популарни. BMW, своите автомобили ги претвора во уметнички дела веќе 16 години, почнувајќи од...
...М1 моделот од 1979 година кој со рака го наслика лично легендарниот Енди Ворхол, до најновото издание на тркачкиот автомобил BMW M3 GT2 кој го насликал американецот Џеф Кунс.
Љубовта на BMW кон оваа автомобилска уметност ја пренесе и на популарниот Мини Купер кој е како створен за вакво нешто!
Ретко што друго предизвикува такво воодушевување како овој забавен спој на уметност и автомобилите. А, сега на оваа приказна се приклучи и Тесла Моторс кои заедно со дигиталниот уметник Лоренс Гартел се одговорни за трансформацијата на електричниот супер автомобил Tesla Roadster во вистинско уметничко дело. Автомобилот е обмотан во фасцинантните принтови на Гартел.
Би сакале да се повозите со вакво нешто по нашите улици?