Lexus-от на иднината
Додека светот полека со опоравува од економската криза, ретко кому му паѓа на памет да купи најнов модел на автомобил. Скоро сите производители на...
...автомобили се во криза, а произведуваат како ништо да не се случило.
Сепак, за секого претставува задоволство разговорот за купување на нов автомобил, било да е реалност или нешто што не би се остварило во блиска иднина – особено ако станува збор за ексклузивен и луксузен автомобил кој никој го нема.
Еден таков модел е оној на дизајнерот Artur Szymczak. Неодамна тој дизајнирал нов концепт на луксузно Lexus возило. Автомобилот изгледа нешто слично на оние кои ги имаме гледано во филмовите iRobot и Minority Report.