Golf VI BlueMotion

golf-6-bluemotion-povekjeВтората генерација на Golf BlueMotion која беше претставена минатиот месец во Франкфурт стигна на пазарот. Golf VI BlueMotion е опремен со штедлив...

 

...TDI мотор и вкупната потрошувачка му изнесува 3,8l/100km.

Моделот е опремен со 1.6 TDI common-rail турбодизелски мотор со сила од 105 коњски сили, со модифициран 5 степен менувач.

Освен индикаторот на оптималниот степен на пренос, автомобилот поседува и start-stop систем како и технологија за регенеративно кочење.

golf-6-bluemotion

Возилото е поставено на пневматици кои имаат намален отпор на асфалтот и поседува аеродинамичен пакет со каросериски додатоци.

Епилогот од сето ова е рекордно ниска потрошувачка како и емисија на штетни гасови (јаглероден диоксид) од само 99g/km. VW Golf BlueMotion на германскиот пазар ќе се продава по цена од 21.650 евра.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg