5 ѕвезди за новата ŠKODA Fabia на Euro NCAP тестовите за безбедност

Новата Škoda Fabia освои максимални пет ѕвезди на Euro NCAP тестот. Извонредните резултати ја истакнуваат врвната безбедноста на новиот автомобил од ŠKODA кој во Македонија ќе биде претставен на почетокот на 2015 година. Резултатите од Euro NCAP тестотвите се однесуваат на заштита на патниците, заштита на пешаците и безбедносни системи за помош на возачот.

5-zvezdi-za-novata-skoda-fabie-na-euro-ncap-testovite-za-bezbednost-01.jpg

"Една од целите при развојот на новата Škoda Fabia беше да се испорача највисоко ниво безбедносни перформанси во сегментот", изјави д-р Френк Велш член на одборот за технички развој во ŠKODA. "Максималните пет ѕвезди, доделени од независните експерти во областа, се потврда дека ние ја остваривме целта и се доказ дека новата Škoda Fabia е еден од најбезбедните мали автомобили", додаде д-р Велш.

Новата Škoda Fabia ги освои максималните пет ѕвездички во сите четири области (заштита на возрасните патниците, безбедност на децата, системи за безбедност и заштита на пешаците).

Експертите од Euro NCAP особено ја истакнаа сигурноста на патничкиот простор. Заштитата на 18 месечни деца кај новата Škoda Fabia го освои максималниот број на поени, а заштитата на 3 годишни деца исто така доби високи оценки.

Новата Škoda Fabia го доби максималниот број на поени благодарение на иновативните безбедносни системи, кои претходно беа резервирани и имплементирани кај возилата од повисоките  сегменти. Систем за сопирање во итни случаи во градски услови доаѓа како опција и за прв пат се вградува кај Škoda Fabia. Овој систем користи радарски сензор кој постојано го мери растојанието од автомобилот до возилата кои се наоѓаат пред него. Секогаш кога растојанието ќе се намали под дозволеното, системот самостојно интервенира најпрво со предупредување, а потоа со автоматско итно стопирање.

Покрај овој систем кај новата Škoda Fabia дебитира и системот за сопирање во случај на повеќе кратен судир (Multi-Collision Brake)  кое е дел од електронската контрола на стабилноста (ESC) и стандардно се вградува во автомобилот. Системот го намалува ризикот возилото да биде дел од подоцнежен судир.

5-zvezdi-za-novata-skoda-fabie-na-euro-ncap-testovite-za-bezbednost-03.jpg

Дополнително, како опција кај новата Škoda Fabia, за прв пат е достапен и детекторот на замор. Во автомобилот се вградуваат и други безбедносни системи како на пример: систем за ограничување на брзината, Auto Hold и системот за мерење на притисокот во пневматиците.

Новата Škoda Fabia во целост совршено е подредена на севкупниот безбедносен пакет кој обезбедува најдобра можна заштита во случај на судир. До шест воздушни перничиња се вградуваат (предни странични и воздушни завеси) кои  во комбинација со петте сигурносни појаси ги заштитуваат патниците во случај на судир. Високата крутост на каросеријата и специфично оптимизираните зони на деформирање градат основа за високата пасивна безбедност.

5-zvezdi-za-novata-skoda-fabie-na-euro-ncap-testovite-za-bezbednost-05.jpg

Euro NCAP (Европска програма за испитување на безбедноста на новите автомобили) е независен конзорциум на европските министерства за транспорт, автомобилски клубови, осигурителни компании и здруженија на потрошувачи. Организацијата спроведува тестови за безбедност со новите  автомобили и ја оценува нивната безбедност.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg