ŠKODA Octavia Hatchback сега е достапна и со погон на сите четири тркала
Емотивно претставување на ŠKODA во Париз: новата ŠKODA Fabia и новата ŠKODA Fabia Combi ја прославија својота светска премиера на овогодинешниот автомобилскиот саем во Париз.
Комплетно нови, двете верзии на просторниот втомобил се појавија на автомобилската модна писта, со својот нов изглед, кој е многу повеќе спортски, модерен и иновативен од било кога досега. Нема дилеми дека новите ŠKODA Fabia и ŠKODA Fabia Combi се меѓу ѕвездите на шоуто во главниот град на Франција.
Млада Молелав, 29 октомври 2014 - ŠKODA Octavia сега е достапна и во хечбек изведба со погон на сите тркала. Новата ŠKODA Octavia 4×4 hatchback ја комбинира високата практичност на возило со погон на сите тркала со докажаните квалитети на Octavia. Достапни се еден бензински и три дизел мотори. Со Octavia 4x4, моменталната серија на Octavia порасна на седум варијанти, од кои три имаат погон на сите тркала. Во исто време, ŠKODA ја проширува својата 4x4 понуда на сѐ на сѐ седум возила.
"Со ŠKODA Octavia 4×4, ние ја прошируваме понудата на нашиот најважен модел со атрактивна верзија и повторно ја докажуваме нашата висока конкурентност кај возилата со погон на сите тркала", вели членот на бордот на ŠKODA за продажба и маркетинг Вернер Ајхом.
Управувањето на ŠKODA Octavia 4x4 е импресивно - без оглед дали се работи за асфалт, угорнини или удолнини, тежок терен или проблематични ситуации. Сето ова го овозможува петтата генерација на Haldex спојката базирана врз технологија за погон на сите тркала во комбинација со моќни мотори и шасија која е нагодена за комфор.
ŠKODA Octavia 4x4 е сериски опремена со електронска блокада на диференцијалот (EDL). Задната оска има иновативна мулти-линк амортизација со една надолжна и три попречни точки на поврзување по тркало и анти-рол прачка… Прецизно нагодената интеракција меѓу овие технологии обезбедува врвно управување, одлични способности за извлекување, многу добро забрзување и максимален влечен капацитет.
Во исто време, најмладиот член на семејството Octavia ги има и извонредните производствени квалитети што ги нуди ŠKODA Octavia со погон на предните тркала: таа е луксузно просторна и високо практична, доаѓа со голем број ‘Simply Clever’ решенија, има иновативни безбедносни и комфорни системи како и ниска потрошувачка на гориво и динамичен и елегантен дизајн.
Haldex 5 технологија за погон на сите тркала, мотори со високи перформанси, одлични управувачки карактеристики
Погонскиот систем на ŠKODA Octavia 4×4 е еден од најмодерните и најефикасни кај технологијата за погон на сите тркала. преку контролната единица на Haldex 5 спојката, системот за погон на сите тркала е програмиран да го пренесува вртежниот момент главно на предната оска во нормални услови за возење и при мала оптовареност. Доколку е потребно, глатко се вклучува и задната оска во дел од секунда, толку брзо што губење на контакт со подлогата е речиси невозможно.
Новата ŠKODA Octavia 4x4 е импресивна со својот влечен капацитет. Возилото може да влече до два тони (2.0 TDI with 110 kW (150 PS)).
Вкупно четири мотори се достапни за верзиите хечбек и карван: три турбодизел мотори и еден турбобензински мотор.
1.6 TDI Green tec со 77 kW (105 PS) кај Octavia 4×4 има комбинирана потрошувачка од само 4.5 l/100 km. CO2 емисиите се 119 g/km. со основниот мотор, Octavia 4×4 забрзува до 100 km/h за 11.5 секунди, а максималната брзина изнесува 191 km/h.
2.0 TDI Green tec со 110 kW (150 PS) троши 4.7 l дизел гориво на 100 km и испушта 122 g CO2 по километар. Максималната брзина е 215 km/h. За забрзување од 0 до 100 km/h потребни се 8.6 секунди.
Верзијата 2.0 TDI Green tec со 135 kW троши 4.9 l на 100 km. CO2 емисиите се 129 g/km. Овој мотор ја забрзува Octavia 4x4 од 0 до 100 km/h за 7.1 seconds. Максималната брзина е 228 km/h.
1.8 TSI Green tec со 132 kW (180 PS) може да се купи исклучиво со автоматски шестбрзински DSG менувач. Комбинираната потрошувачка е 6.7 l/100 km со CO2 емисии од 154 g/km. Octavia 4×4 со овој мотор достигнува максимална брзина од 229 km/h. Таа ќе забрза од 0 до 100 km/h за само 7.4 секунди.
Со новата Octavia 4x4 hatchback, понудата на 4x4 модели на ŠKODA сега е составена од седум возила: ŠKODA Octavia 4×4, ŠKODA Octavia Combi 4×4, ŠKODA Octavia Scout, ŠKODA Yeti 4×4 и ŠKODA Yeti Outdoor 4×4, како и ŠKODA Superb 4×4 и ŠKODA Superb Combi 4×4.
Ова значи дека во компактната и средната класа ŠKODA ја има најновата и најширока понуда на 4x4 возила во Европа.