10 совети за безбедно возење по дожд

Возењето по дожд самo по себе може да биде напорнo, па уште ако е ноќ, работите може да станат многу полоши.

10-soveti-za-sigurno-vozenje-po-dozd-01.jpg

Слабата видливост и светлата на другите автомобили може да ја влошат ситуацијата, а не е ни чудо ако автомобилот ви „заигра“ од раце.

За да ги избегнете сите страшни ситуации кои водат кон несреќа, прочитајте ги 10-те клучни совети за возење по дожд.

1. Забавете
Кога дождот паѓа, тој се меша со нечистотијата и маслото на улиците. Така се создава опасниот слој кој предизвикува лизгање. Плус, побавното возење може да ве спаси од случаен одрон на патот, кој е многу чест кога врнежите се силни.


2. Проверете ги гумите
Никогаш не смеете да ги мешате перформансите и нивото на квалитет на гумите. На пример, ако шарите на гумите се истрошени и гумата оштетена, одберете нова со иста шара. Ова вреди да го сфатите сериозно, посебно во есенските и зимски денови кога дождот и снегот се секојдневие.


3. Не заборавајте на растојанието
Држете доволно растојание и имајте на ум дека автомобилот пред вас може во секој момент да закочи. Ако возите во град, посебно внимавајте и на сигнализацијата, зебрите по кои се движат пешаците и легнатите полицајци кои може да бидат опасни ако не ги забележите на време. Освен тоа, бидете посебно внимателни кај претекнувањето, кое заради слабата видливост воопшто не е препорачливо.


4. Задолжително запалете светла
Не само што подобро ќе ја гледате улицата, туку и полесно ќе ве забележуваат другите возачи. Светлата за магла вклучете ги на видливост помала од 50 метри. Исто така, користете комбинација од греење и вентилација, ако водената пареа не сакате да кондензира во внатрешноста на автомобилот.


5. Без нагло кочење
Наместо притискањето на кочница, кога и да можете, користете го моторното кочење. Тоа подразбира постепено намалување на брзината, односно префрлање на брзините.


6. Што кога автомобилот ќе се лизне?
Воланот никогаш не го вртете нагло, токму заради можноста за лизгање. Со воланот, педалата за гас и кочниците бидете нежни. Нека не ве фати паника и запаметете дека никогаш, ама баш никогаш кочницата нема да ви помогне.


7. Избегнете го аквапланингот
Аквапланинг настанува при поголема брзина, кога предните гуми повеќе не можат да ја потиснуваат водата. Контактот со подлогата се губи ненадејно заради што возилото не може соодветно да управува. Во овој случај не смеете да сопирате, туку само држете го воланот во правецот на возење. Тркалата не смее да се завртени или блокирани додека не добиете контакт со патот.


8. Исушете ги кочниците
Ако возите низ длабока вода која може да навлезе до диск-сопирачките, кога ќе излезете на суво задолжително притискајте ја кочницата за тие да се исушат.


9. Чевлите се важни
Ако возите со мокри и калливи чевли, постои голема шанса да изгубите контрола. Не заборавајте да ги исушите или исчистите чевлите колку повеќе можете.


10. Однесување во сообраќајот
Не возете зад големи автобуси или камиони. Тие создаваат т.н. спреј со кој го прскаат вашето стакло и ви ја намалуваат видливоста. Обидете се да возите по трагите на автомобилот кој вози пред вас. Исто така, не возете ако сте изморени. Правете паузи на секои 2-3 часа. Не користите мобилни телефони!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg