Вардарци подготвени за ново урбано доживување со NISSAN Qashqai
Популарноста на најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар секојдневно расте, а паралелно со тоа рапидно се зголемува и бројот на симпатизерите на Алекс Душебаев, Тимур Дибиров и Столе Стоилов кои на последниот натпревар беа најпрецизни во победата над својот противник.
Освен на теренот, го освојуваат и градот со врвниот градски кросовер - новиот NISSAN Qashqai.
Со својот компактен изглед, аеродинамична каросерија, повисока положба на возачот, новиот Qashqai овозможува ново урбано доживување во градското возење на младите ракометари.
Секој луксузен детал е дизајниран да привлекува погледи без да ја наруши удобноста во возењето, а дека тие вистински уживаат може да погледнете на овие фотографии настанати по еден од нивните тренинзи, непосредно пред натпреварот со РК Рајн Некар Левен.