SEAT произведе 5.000.000 автомобили Ibiza

Автомобилскиот саем во Париз е местото каде што се одбележува 30-годишнината од најпознатиот модел.

seat-proizvede-5-000-000-avtomobili-ibiza-01.jpg

Од производната линија бр. 1 на фабриката на SEAT во Марторел излезе пет милионита Ibiza. Иконата на шпанскиот бренд ја достигна оваа бројка во годината кога се прославува 30-тиот роденден на легендарната Ibiza.

Вработените заедно со претседателот на извршниот одбор на SEAT - Јирген Штакман ја  прославија пет милионитата Ibiza.

Оваа недела шпанскиот производител на автомобилскиот саем во Париз го претставува LEON Х- PERIENCE, новиот компактен автомобил на брендот, а во исто време заедно со целата автомобилска индустрија ќе ја прослави и 30-годишнината од својот најпознат модел. Париз е градот каде што пред 30 години за прв пат беше претставен првиот модел SEAT Ibiza, кој воедно е и првиот 100% SEAT автомобил.

Денес, 30 години подоцна, SEAT Ibiza прерасна во најдобро продаван и најмногу извезуван автомобил на шпанскиот бренд. 70% од оние 5 милиони возила се продадени, надвор од границите на Шпанија, во повеќе од 75 земји каде што компанијата има свои претставници.

Дали сте знаеле дека ...?

  • Секој ден 700 возила SEAT Ibiza излегуваат од фабриката Марторел.
  • Во процесот на производство на моделот работат 1600 луѓе.
  • Околу 700 роботи придонесуваат за успехот на SEAT Ibiza.
  • SEAT Ibiza поминува 12 километри на производната лента за да на крај излезе како готов производ.
  • Доколку се наредат 5.000.000 возила SEAT Ibiza едно зад друго би се покрило растојание од 19.300 километри, што е еднакво на растојанието помеѓу Марторел и Окленд во Нов Зеланд.
  • За овие 5.000.000 автомобили потрошени се вкупно 70 милиони килограми боја.

SEAT Ibiza од  женски аспект:

  • Вратата на првиот SEAT ја отворија жените од производната линија.
  • 21% од работниците на производната лента се жени.
  • Двете поп икони, Шакира и Кети Пери, ја правеа музиката за рекламните спотови на најдобро продаваниот автомобил.
  • SEAT Ibiza беше официјално возило на Олимписките игри кои 1992 година се одржаа во Барселона.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg