Отворени и спортски: новите Audi TT Roadster и Audi TTS Roadster
- Компактниот Roadster привлекува со својот автентичен дизајн и со динамичните возни својства
- Иновативна Audi виртуелна кабина го замени аналогниот дисплеј
- Членот на управниот одбор за развој д-р Улрих Хакенберк најави: "Натамошни подобрувања на автомобилот и ново техничко искуство"
Чистотата во својата најубава форма: Audi ги претставува новите ТТ Roadster и TTS Roadster на автомобилскиот саем во Париз. Компактниот двосед поставува нови стандарди во дизајнот, погонскиот систем и суспензијата. Кај третата генерација на TT, Audi ја нагласува виртуелната пилотска кабина.
За прв пат дигиталната инструмент табла ги прикажува сите информации во видното поле на возачот - концепт кој предизвикува сензација.
Напредната технологија на новиот ТТ и системот за контрола му овозможија на Audi да ја освои престижната награда „Car Connectivity“ како и признанието од „Automotive Interiors Expo“ за најдобра внатрешна иновација на годината.