8 трикови за полесно чистење на автомобилот

Чистењето на автомобил не е најблагодарна работа, бидејќи по првото излегување на улица тој повторно се валка како воопшто да не сте го переле.

8-nevoobicaeni-nacini-za-cistenje-na-avtomobil-1

Повторното миење бара дополнително време и пари кои ќе ги дадете на разни хемикалии за вашето метално галениче да биде чисто и сјајно.

Овие 8 трикови на брз, евтин и едноставен начин ќе ви помогнат вашиот автомобил да остане подолго време чист:

1. Регенератор за коса

Исперете го вашиот автомобил со регенератор за коса, кој во себе содржи ланолин. Вашиот автомобил ќе изгледа како штотуку да сте го измиле со восок.

2. Газиран пијалак

После обилните дождови, вашите стакла ќе бидат валкани од прашини. Стаклото полијте го со газиран пијалак, како што е кока колата. Со стара крпа заштитете го останатиот дел од автомобилот, за да не дојде во допир со пијалакот. Содата од сокот ќе ги отстрани сите нечистотии, дури и оние најтврдокорните. Потоа стаклата измијте ги со чиста вода.

8-nevoobicaeni-nacini-za-cistenje-na-avtomobil-3jpg

3. Вотка

Ако во моментот немате течност за во бришачите, направете ја следнава комбинација: во едно шише ставете 3 чаши вотка(најевтината која можете да ја најдете), 4 чаши вода и 2 кафени лажички течност за миење садови. Затворете го шишето, добро промешајте го и ставете од течноста во автомобилот.

4. Течност за чистење стакла

Искористете ја течноста за чистење на стаклата за да ги исчистите предните светла. Ставете од оваа течност и добро исчистете. Светлата ќе изгледаат како нови, а вие ќе се чувствувате посигурни во возењето.

5. Влажни марамици

За брзо чистење на стаклата од вашиот автомобил, употребете обични влажни марамици. Истите можете да ги искористите и за чистење на контролната табла.

8-nevoobicaeni-nacini-za-cistenje-na-avtomobil-4jpg

6. Хигиенски влошки

Ако немате течност за стакла, употребете хигиенски влошки. Јако притиснете ги и со кружни движења избришете ги предните и задните стакла од автомобилот. Резултатот ќе ве воодушеви.

7. Амонијак

Во 1 литар вода додајте 60 милилитри амонијак и таа смеса ставете ја во пластично шише со распрскувач и чувајте ја во автомобилот. Одлично ќе ви се најде за чистење на вашите стакла, а можете да ја нанесете со помош на сунѓер. Откога ќе поминете со средството, пребришете ги стаклата со мека крпа.

8. Сода бикарбона

Направете си природно средство за чистење на автомобилот на следниов начин: во канистер од 5 литри ставете 100 грама сода бикарбона и пола чаша течност за миење садови. Остатокот од канистерот наполнете го со вода. Не ставајте ја водата под јак притисок, туку со помирен млаз, бидејќи течноста ќе стане пенлива и ќе започне да се излива надвор од канистерот.

Затворете го канистерот и добро протресете го, а потоа оставете го да потстои. Следниот пат кога ќе посакате да го чистите автомобилот, во канта ставете една чаша од направеното средство и додајте млака вода. Добро измешајте го средството и тоа ќе биде подготвено за употреба.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg