Луди по олдтајмери

evropejcite-ludi-po-oldtimeri-povekjeОлдтајмер секако е Англиски збор, но нема исто значење и на другите јазици, кај нас овој збор претставува автомобил кој е најмалку 30 години стар.

 

Олдтајмерот пак на Англиски во превод е стар човек кој има одлични вредности и се одесува како во најраните години од својот живот.

Во Германија 55% од љубителите на олдтајмери се помлади од 45 години, 24% се постари од 55 години. Овие љубители се околу 786.000 илјади и се организирани во најразлични клубови кој се на број околу 2.000.

Бројката на луѓе кои се вработени во бизнисот со олдтајмери изнесува 25.000, а секој љубител на олдтајмер во просек троши по 1.191 евро годишно.

Во Европа постојат 700 музеи на олдтајмери кои годишно ги посетуваат 75 милиони луѓе. Специјализираните списанија за олдтајмери ги читаат околу 20 милиони луѓе. Инаку секој 100-ти автомобил во Европа е олдтајмер.

Цените на овие автомобиле се различни и се во зависност од нивната старост, односно колку постари толку поскапи, но не е се во староста.

Еве на пример руската волга од 1967 година чини 3.200 евра, или пак варбургот од истата година чини 2.100 евра, но мерцедес од 1953 година чини најмалку 28.500 евра.

evropejcite-ludi-po-oldtimeri

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg